|
|
|
|
|
|
|
 |

Погледнете ја 3D презентацијата на производот!
|
|
|
|
 |
|
|
|
 |
|
|
|
|
ЗДРАВЈЕТО ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА, А НЕ ДА СЕ ИСПУШТИ ВО ВОЗДУХ!
 |
ДАЛИ ДИШЕЊЕТО СТАНА ОПАСНО ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ?
Дали знаеме кога нашата околина влијае на нас? Кои се знаците дека нашето тело е нападнато од околниот воздух?
Дали некојпат сте имале главоболка или надразнетост во носот и грлото кои никако не поминуваат? Алергиска реакција на кожата?
Зашеметеност и умор, дури и по добро ноќно спиење? Овие симптоми може лесно да се занемарат или да се објаснат на друг начин. Вообичаените лекови, како што се аспиринот и другите лекови за настинка можат да ги скријат и маскираат, спречувајќи нè да ја бараме нивната причина!
|
 |
- Постојана кашлица, конјуктивитис, главоболка
- Умор, зашеметеност, алергиски реакции на кожата, слабост
- Напади на астма, чести инфекции на горните дишни патишта
|
КАКО ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА СМЕ ЗАТРУЕНИ?
Изложувањето на растворувачи, средства за чистење, пестициди и други испарливи органски соединенија може да ги предизвика сите овие симптоми, а освен тоа и мачнина, крварење од носот и тешко дишење.
Тешките метали во атмосферата, како што се оловото и живината пареа, можат да влијаат врз системот за варење и да предизвикаат грчеви и треперења на мускулите, слабост, промени на личноста, губиток на слухот
списокот е мошне долг!
Биолошките загадувачи, како што се првутот и влакната од животните, мувлата и грините од прашината исто така можат да го олеснат ширењето на болестите и инфекциите. Освен тоа, можат да бидат и причина за стегање во градите, постојана кашлица и ринитис.
Шпоретите, печките, греалките и огништата исто така можат да нè разболат. Зашеметеност, главоболки, надразнетост на очите и зголемена зачестеност на ангина со коронарно-срцева болест, како и многу од веќе споменатите симптоми, може да бидат предизвикани од извори каде што нешто согорува.
|
|
|
|
|